Омилена облека на Ријана за на црвениот тепих е онаа која таа сама ја креирала.rihanna

Пејачката изјави за “Харперс Базар” дека нејзините омилени модели се онаа од видео-наградите на MTV од 2012 година, како и од наградите CFDA во 2014 година. И двата модели биле дело на самата неа, а во нејзината работа ѝ помогнал дизајнерот Адам Селман.

Иако нејзините модели се провокативни и често пати доста разголени, пејачката рече дека никогаш не се чувствувала непријатно во нив, бидејќи тие го изразуваат начинот на кој таа самата се чувствува. “Начинот на кој се облекувам, зависи од тоа како се чувствувам. ” вели уште Ријана.

На прашањето на списанието колку време ѝ е потребно за да изгледа добро, пејачката одговори дека “понекогаш трае доста време, но друг пат воопшто”. “Имам работа која бара многу сјај и јас имам одличен тим кој ми помага со тоа”, додаде таа.

Слични содржини