Ријана најавува големо изненадување за во септември

од Vladimir Zorba

  Поп пејачката Ријана денеска ја посети Елисејската палата, каде што беше примена од францускиот претседател Емануел Макрон, при што разговараа за нејзините хуманитарни активности во областа на образованието.

– Се насочивме на образованието од глобален аспект и ќе имаме прилично голема објава во септември.”Имав неверојатна средба со претседателот и првата дама. Тие беа неверојатно гостопримливи   “, рече на излез од Елисејската палата Ар енд Би ѕвездата Ријана  .

Пејачката од Барбадос во 2012 година ја основа непрофитната фондација „Клара Лајонел“, која промовира проекти за стипендии низ целиот свет.

Францускиот претседател пред извесно време се сретна и со пејачот на ирската група „Ју-Ту”, филантропот Боно Вокс, со кого разговараше за намалување на сиромаштијата

Слични содржини