Рики Мартин и партнерот организираат свадба

од Vladimir Zorba

Плановите за свадба на Рики Мартин и партнерот Џован Јосиф се факт уште од крајот на минатата година, кога парот си размени веренички прстени.

“Свадбата ќе биде огромна. Сакам да е еден гигантски настан. Сигурно сакам да се омажам во мојот роден град Порторико, па церемонијата ќе биде таму. Џован е од Шведска, а некои од неговите роднини се од Сирија, па ќе е еден голем меѓународен настан. Ќе видиме што ќе излезе конечно “, вели Мартин.

Рики изјави дека е изненаден колку е тешко е да се организира една свадба. “Сите зборуваат за неа, но никој не зборува за тоа колку е тешко да ја планираш, па да стане токму онака како што си ја замислуваш”, вели тој.

Латино пејачот и Џован се запознаваат, благодарение на социјалните медиуми. “Се сретнав со свршеникот на Инстаграм. Јас сум колекционер на различни артефакти, а тој е уметник. Видов нешто убаво додека гледав онлајн и наидов на него”, изјави пред некое време изведувачот.

45-годишниот Мартин и 32-годишниот негов сакан се заедно малку повеќе од една година. Овој брак ќе биде прв и за двајцата. Порториканскиот пејач имаше долга врска со адвокат, но двајцата се разделија во 2013 година.

Рики Мартин веќе има две деца, кои се родени од сурогат мајка: 8- годишните близнаци Матео и Валентино. Тој сам ги одгледува наследниците. Со Џован планираат да имаат ќеркичка, па да го
зголемат потомството.

“Децата ми се убави, тие се на 8 години. Имам многу убави близнаци кои растат брзо, и сега сакам уште, би сакал да имам наскоро мало девојче”, коментира 45-годишниот пејач.

Слични содржини