Ринго Стар ја означува 77 годишнината со песна за мир

од Vladimir Zorba

Легендарниот тапанар на “Битлси” Ринго Стар го означува 77-иот роденден со песна во која повикува за љубов во светот. Тој откри дека 19-тиот негов студиски албум “Мир и љубов” ќе се појави на 15 септември.

Во него, впрочем, учествува и другиот жив “Битлси” Пол Макартни. Две од песните се имено негови. Двајцата учествуваат во заедничкиот проект за прв пат од 2010 година.

За својот роденден Ринго ја пушти песната од албумот Give more love која потсетува музиката на “Битлси”, но со силен звук на гитара.

Впрочем во албумот, освен Макартни, се вклучени гитаристот на “Иглс” Џо Волш, Дејв Стјуарт од “Јуритмикс”, гитаристот Стив Лакадер од “Тото”.

Откако го претстави албумот, Ринго Стар ќе започне турнеја низ САД.

Слични содржини