Рио 2016: Свечено отворени 31. Летни Олимписки игри(ФОТО)

од Vladimir Zorba

 

Со спектакуларна церемонија на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро ноќеска свечено беа отворени 31. Летни Олимписки игри.4981201

Ова се први Игри што се одржуваат на јужноамериканскиот континент.

Македонија во Рио ќе ја претставуваат шест спортисти, а македонското знаме на дефилето на отворањето го носеше пливачката Анастасија Богдановски.4981202

На овие Игри присутни се спортисти од 206 национални олимписки комитети, а своето прво учество ќе го имаат Косово и Јужен Судан.

Со намален буџет и значително помалку средства во однос на Лондон пред четири години, организаторите организираа одлична церемонија на свеченото отворање во која доминираа три теми – екологијата, различноста и радоста.

Немаше елементи од краневалскиот дел од Рио, поради тесните тунели на стадионот, а немаше нити бина и се беше на едно ниво на земја. Повеќе од 35.000 професионалци беа вклучени во церемонијата на отворањето, како и 12 школи на самба со повеќе од 5.500 костими.

Свое место на церемонијата имаше и познатата „Девојка од Ипанема“. Режисерот на филмот „Градот на боговите“, Фернандо Меирелеш заедно со колегите Андруч Вадингтон и Даниел Томас беа задолжени за организацијата.ж

Дел од отворањето беше и една од најпознатите манекенки на светот и една од „амбасадорите на Бразил“ Жизел Бундшен. Од здравствени причини го немаше еден од најдобрите светски фудбалери Пеле.

Игрите за отворени ги прогласи привремениот претседател на Бразил Мичел Тимер, а олимписката заклетва во името на спортистите ја даде бразилскиот спортист во едрење Роберт Шет, учесник на пет Олимписки игри.

Олимпискиот пламен на стадионот го внесе поранешниот тенисер Густаво Куертен, а го запали бразилскиот маратонец Вандерлеј Кордеиро де Лима.

Слични содржини