Ристески: Јавниот сектор ја одржува просечната плата

од desk3

Странските инвеститори во бесцаринските зони даваат дури и пониски плати од домашните инвеститори и ја повлекоа просечната плата на директно ангажираните работници надолу, вели Пецо Ристески од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство за РСЕ

D414090E-11D0-4A8D-B0EC-755FF63BED91_cx0_cy8_cw0_w987_r1_s_r1
Господине Ристески, се посочуваат истражувања дека Македонија е лидер во креирање работни места, но најновите податоци на Заводот за статистика покажуваат дека во реалноста се отвораат работни места кои не се добри за работниците. Имено, според нивните податоци 60 отсто од работниците во Македонија примаат плата што е под просечната, додека само 16 проценти од вработените имаат плата којашто е малку повисока од просечната.

Не е спорно дека во последниве години се отворија доста работни места, имајќи предвид дека во еден период немаше нови работни места, меѓутоа од аспект на заработка на работниците, квалитетот на работните места што се отворија е лош. Дојдоа странски инвеститори кои, да не речам, дури пониски плати и од нашите работодавачи даваат, а луѓето беа принудени да ги прифаќаат имајќи предвид дека немаат никаква егзистенција. Платите на странските инвеститори, посебно во бесцаринските зони, дури и ја повлекоа просечната плата на директно ангажираните работниците надолу. Можеби преку 60 отсто од работниците примаат пониска плата. Во јавниот сектор се покачуваат платите и во неколку услужни дејности како што е енергијата, банките, осигурителните компании, сè друго што е во производство, во услуги, трговија и угостителство се ниски плати. Во приватниот сектор просекот е некаде меѓу 200 и 250 евра, што значи дека јавниот сектор отскокнува.

Повеќе ТУКА

Слични содржини