Ристевски: Нема отпуштања на работници со купувањето на рудникот „Саса“

од Vladimir Zorba

Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) Пеце Ристевски денеска  изјави дека со купувањето на рудникот „Саса“ не се менува ништо во делот којшто се однесува на работниците.

– Нема отпуштања. Во делот на работниците не се менува ништо. Новиот сопственик го купува рудникот, за да работи, вели Ристевски.

Рудникот „Саса“ го купи казакстанскиот производител на бакар „Централ Азија Металс ПЛЦ“ за сума од 402,5 милиони долари. Како што објави лондонски „Фајненшл Тајмс“, казахстанската компанија постигнала договор со сегашниот сопственик на „Саса“, „Орион Ко-Инвестментс енд Фјужн Кепитал“ за откупување на рудникот заедно со долговите и активата.

Слични содржини