Адвокатот којшто ја поднел иницијативата до Уставниот суд е соработник во адвокатската канцеларија на Љубчо Наумовски, познат адвокат од Охрид којшто во процесот „Титаник“ покренат од Јавното обвинителство е дел од адвокатскиот тим на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, двајцата обвинети за изборни измами, пренесе Нова.

Untitled5

-Со името на адвокатот Ристо Китевски се занимава целата јавност. Човекот чие име не даваше резултати ниту на Гугл покрена многу контроверзи – кој е адвокатот чија што иницијатива е најбрзо процесуирана во историјата на Уставниот суд и во која што тој цени дека е неуставно претседателот да не може да помилува лица осудени за изборни имами и нерегуларности. Кој е човекот кој за три недели од иницијатива стигна до процес и победа во институцијата кој би требало да го брани Уставниот суд – пренесува Нова.

Извори на Нова говорат дека Ристо Китевски полагал правосуден испит во 2014 година. Ако се суди по неговиот фејсбук профил лиценца за адвокат добил пред три месеци, односно во декември 2015. Годинава во јануари, според добро упатени извори на порталот станал соработник на адвокатската канцеларија на Наумоски. Адресата којашто ја оставил во Уставниот суд е иста со адресата од канцеларијата на Наумоски во Охрид, Даме Груев број 26.

Од редацијата на Нова се обиделе да стапат во контакт и со Наумовски и со Китевски. Наумовски грубо се развикал на телефон и ја тресна слушалката, додека Китевски не одговораше на повиците и смс пораките. Ниту Наумовски не одговори на пораки по неуспешниот обид да поразговараме со него.

Љубчо Наумовски е и член на Управниот одбор на Адвокатската комора чијшто претседател е Никола Додовски, во јавноста познат како правен застапник на премиерот во неколку случаи. Додовски, исто така, е дел од адвокатскиот тим на обвинетите во „Титаник“.

Слични содржини