Обвинителката Ленче Ристоска по завршување на седницата на која се разгледуваа жалбите на СЈО и обвинетиот во случаите „Тврдина“ и „Таргет“ Никола Бошковски, посочи дека станува збор за оштетени над 300 лица у 50 сведоци. Обвинителката исто така, во жалбата за неопределување притвор посочи дека Бошковски се уште работи во УБК и може да избега од државата.

Одбраната тврди дека обвинението е поднесено од неовластен тужител, Петар Василев адвокатот на Бошковски изјави дека во фаза на истрага судија на претходна постапка веќе еднаш ги одбил мерките на претпазливост за Бошковски.

Како дополнителна причина за неизрекување мерки против Бошковски, одбраната упати на фактот дека обвинетиот е разрешен три нивоа подолу во УБК и затоа не може да влијае врз сведоците.

Никола Бошковски, кој е обвинет за фалсификување службена исправа и злоупотреба на службена положба и овласување изјави дека не се чувствува виновен.

Судиите Љиљана Ивановска Шопова, Сафет Кадрии и Цветанка Периќ ќе одлучуваат за жалбите на СЈО и обвинетиот./А1он

Слични содржини