Рита Ора се забавува со Бруклин Бекам

од Vladimir Zorba

Пејачката со албанско потекло – Рита Ора, очигледно постигна нова точка во полето на љубовниот фронт.

Атрактивната изведувачка го фатила Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија.

Двајцата биле пресретнати во пријателско друштво во бар-ресторан во Лондон, но нивното однесување еден кон друг не поминало незабележано. Тие си пуштале шеги, се смееле гласно, флертувале.

А според очевидци си заминале заедно од локалот, но преку задниот влез, за ​​да ги избегнат објективите на папараците, пишува The Sun.

26-годишната Рита Ора е постара од Бруклин 8 години, но очигледно на него не му е гајле за оваа разлика. Тој смело оди по стапките на својот татко и веќе се смета за еден од најактуелните плејбој заводници.

Видливо паѓа и на позрели жени. Неодамна тој беше осомничен дека ги гужва чаршафите на 9 години постарата танчерка со познато презиме Пантер.

Слични содржини