Почетна / Актуелно / Рјабков: САД, Британија и Франција сакаат да доминираат над светот

Рјабков: САД, Британија и Франција сакаат да доминираат над светот

САД, Велика Британија и Франција следат курс кој води кон нивна целосна доминација над останатиот дел од светот, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.


– Курсот на западната тројка е очигледен – тоа е курс кон целосна и безусловна политичка доминација над сите останати. Тие отфрлаат секаква разумна алтернатива и без око да им трепне почнуваат да повторуваат твдења и политички инсинуации и запаѓаат во празна и плитка реторика, изјави Рјабков.

Тој оцени дека иницијативите што ги предлагаат овие три земји често не се во согласност со меѓународното право и само го отежнуваат решавањето на сириската криза.

– Тие очигелдно сакаат да наметнат поинаква, апсолутно пропадната политичка шема, со цел да ја сменат Владата во Дамаск, нагласи Рјабков.

Тој истакна дека практиката на група земји да користат шпекулации за „вистинска и погрешна страна на историјата“ со цел да наметнат свои решенија и модели на целиот свет, нема никаква врска со тоа како треба да функционира Советот за безбедност на ОН.
– Тоа е политички курс инспириран од желбата за империјалистичка доминација, заклучи Рјабков.