Роберт де Ниро е принуден да снима заради трошоците на жена си

од Vladimir Zorba

Познатиот американски актер Роберт де Ниро е загрижен дека неговата сопруга ги троши без мерка сите пари кои тој ги заработува во киното. Трошоците одат за синџирот кафиња “Грејс Хајтауер енд кофис оф Руанда” (Grace Hightower & Coffees of Rwanda), кој беше отворен пред 5 години и постепено тоне, пишува во четвртокот “Њујорк пост”.

Како што прецизира весникот неодамна Ниро ги изгубил нервите, додека седел со сопругата во еден од баровите во Менхетен во Њујорк. “Немаше да ми се наметнува да се снимам во одвратни филмови, ако не ги трошеше сите мои пари”, ѝ рече тој на својата жена пред луѓето наоколу.

Синџирот “Грејс Хајтауер енд кофис оф Руанда” неодамна раскина профитабилен договор со прехранбените продавници “Хол фудс” (Whole Foods). Индикативно е дека главен спонзор на филмскиот фестивал “Трајбека”, основач на кој е Де Ниро, не е бизнисот на жена му, туку кафе гигантот “Или” (Illy).

Холивудскиот ветеран се најде пред нишанот на критичарите поради филмовите во кои се снима. Многу од нив изгледаат како  второкласни во споредба со минатите ремек дела. Оваа година “Уф, на дедо!” (Dirty Grandpa) во кој игра таму Де Ниро е номиниран за “Златната малинка” во категориите “Најлош филм” и “Најлош актер”.

Де Ниро игра во речиси 100 филма и над 130 пати е номиниран за различни награди во киното. Има освоено два “Оскари” : во 1974 година за споредна улога во филмот “Кум 2” и во 19890 година за главната улога во “Разбеснетиот бик” (Raging Bull).

Слични содржини