Славниот актер и двоен добитник на Оскар, Роберт Де Ниро на доделувањето награди на Националниот одбор за рецензија на филмофи во Њујорк го искритикува американскиот претседател Доналд Трамп.

Освен прозивки и критики, Де Ниро жесторко го навреди Трамп велејќи дека е „главен и одговорен идиот и будала.

„Проклет идиот ни е претседател. Тоа е царевото ново руво, човекот е будала“, рече Де Ниро.

Неговиот говот претходеше на доделувањето на наградата на мерил Стрип. На минатите претседателски избори во САД Де Ниро отворено ја поддржа Хилари Клинтон и отворено ја критикуваше политиката на Трамп, а остана запамтена неговата изјава дека би сакал Трамп да го удри во лице.

Слични содржини