Роберт де Ниро изјави дека Трамп ја уништил вредноста на САД

од Vladimir Zorba

Актерот Роберт де Ниро изјави дека некогаш неговата земја била “инспиративна и душевно збогатувачка драма”, но сега се претворила во “малоумна траги-комедија”, очигледно упатувајќи последователна критика кон лидерот на САД Доналд Трамп. Неговата изјава беше дел од говорот што тој го одржа пред дипломци на Универзитетот “Браун” оваа недела. Во неа тој ги повика да го “запрат ова безумие” и секогаш да се обидуваат да го променат светот кон подобро.

За време на церемонијата тој го доби и звањето доктор хонорис кауза по ликовни уметности. Ова не е прв пат, во кој двократниот добитник на “Оскар” го критикува директно или индиректно претседателот Доналд Трамп и неговите политички одлуки.

Претходно оваа година тој дури го обвини милијардерот дека е “ја понижил претседателската институција” и тоа до надреално ниво.

Слични содржини