Роберто Карлос со изненадувачки кандидат за светски шампион

од Vladimir Zorba

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид Роберто Карлос објави дека според него Кристијано Роналдо има сили да ја изведе Португалија и до светската титула во 2018-та година.

Португалците се актуелен европски шампион.

“Роналдо е број еден. Стилот на игра многу го промени, тој е исклучително важна фигура и во Реал Мадрид и во репрезентацијата на Португалија,” изјави Роберто Карлос во интервју за L’Equipe.

“Со него Португалците можат да земат уште една решителна победа – да го освојат Светското првенство во Русија”, вели Бразилецот.

“Што се однесува до Нејмар, и неговото време ќе дојде. Тој допрва почнува да се меша во битката меѓу Роналдо и Меси за првото место”, додаде уште Роберто Карлос.

Слични содржини