Роби Вилијамс го ботоксира лицето и нанесува лажен тен

од desk2

Пејачот Роби Вилијамс неколку месеци се нема појавено во јавност, а откако со сопругата Ајда Филд вчера присуствуваше на 50 годишнината од постоењето на модната марка Marc O’Polo во германија, многумина изненади со изгледот на своето лице.

Роби Вилијамс пред една година и сега

Во споредба со неговиот изглед пред една година, 43-годишниот Роби изгледа дека се здебелил, но многу коментираат дека сепак премногу се изботоксирал, пренесуваат странските медиуми.

„Го ботоксирав лицето и направив неколку филери и уште еден зафат на брадата, и тоа многу ми се допаѓа. Минатите години следев што пишуваат за мене на социјалните мрежи. Сите коментираат дека сум остарел и навистина остарев“, вели Вилијамс.

На прашањето дали ќе направи уште операции, пејачот тогаш одговори дека не мисли дека ќе оди до лудо холивудско ниво, но според коментарите на интернет се чини дека сепак претерал со ботоксот.
Покрај полните образи, тенот на Роби на вчерашниот настан изгледа доста потемен.

Неговата сопруга Ајда неодамно откри дека пејачот се шприца со средства за самопотемнување за време на неговата турнеја за да изгледа послаб. Откри дека и редовно го контурира лицето.
Роби во текот на кариерата имаше бројни напади на анксиозност, Иако, овој татко на две деца, е само во раните 40-ти, се чини дека не може да се носи со борите на лицето.

Слични содржини