Хотел со персонал целосно од роботи ќе ги отвори вратите ова лето во Нагасаки, Јапонија.

robot-hotel

Двоспратниот Henn na Hotel треба да се отвори на 17 јули под слоганот “посветеност кон еволуцијата”. Хотелот ќе се разликува со врвните технологии, а самото негово име е игра на зборови – “Кокошка” на јапонски значи “промена”.

Роботите ќе ги пречекуваат гостите, ќе ги паркираат автомобилите, ќе ги чистат собите и ќе одговараат на рецепцијата. Според сопствениците на хотелот ова ќе ги намали трошоците. Собите располагаат со систем за препознавање на лица, па гостите нема да користат клуч.

Еднокреветна соба ќе биде по цена од 7000 јени (52 евра), а двојната 9000 јени (70 евра) на вечер. Првата зграда во комплексот ќе се отвори во јули со 72 соби, а догодина ќе биде отворен вториот дел.

Слични содржини