Роботите ќе ги потиснат и директорите на компаниите, тврди првиот човек на „Алибаба“

од Vladimir Zorba

Првиот човек на најголемата кинеска продажна веб-страница „Алибаба“, Џек Ма, вели дека светот треба да се подготви за болни промени во економијата, кои ќе ги предизвика интернетот.

– Светот мора да го промени системот на образование и да се учи како се работи со роботите за да може да се ублажат ударите што ќе бидат зададени од автоматизацијата и од интернет-економијата – изјави Ма на една конференција за претприемништво во Кина.

Тој предупреди дека во следните 30 години светот ќе доживее многу повеќе болка отколку среќа.

– Пред 15 години одржав 200-300 говори за тоа како интернетот ќе промени сè, но не ме слушаа бидејќи бев никој и ништо – додаде Ма.

Според него, вештачката интелигенција најверојатно ќе влијае на тоа луѓето да живеат подолго, но и ќе доведе до намалување на бројот на работни места. Роботите, според него, ќе ги потиснат од работа дури и генералните директори на компаниите./META

Слични содржини