Роботот Fribo е дизајниран да им помага на осамените луѓе

од desk2

Милиони луѓе во светот, особено во развиените земји, живеат сами, што дефинитивно не е добро според мислењето на психолозите. Истражувачи од Јужнa Кореја го направија роботот Fribo, кој им помага на луѓето да ја пребродат осаменоста.

Многумина ја обвинуваат технологијаѕа за порастот на бројот на самци, но Корејците сакаат да докажат дека технологијата исто така може да помогне за спојување на луѓето. Имено, роботот Fribo е дизајниран да ги охрабрува луѓето почесто да разговараат едни со други или да разменуваат пораки.

За разлика од други роботи за дома, Fribo не е креиран да биде другар, туку има намера да ги социјализира луѓето. Fribo би требало да биде сместен во домови на пријатели, креирајќи виртуелен животен простор кој го собира психички изолираните поединци.

Слични содржини