Родителите на 23-годишната Ана Дурицкаја биле против врската со Борис Немцов. Политичарот бил постар 30 години од неа, истражува LifeNews.

Дописникот на медиумот успеал да се поврзе со блиски на Ана Дурицкаја, која го приддружувала Борис Немцов за време на неговото убиство. Пријателите на украинската манекенка велат дека нејзините родители биле против односите на нивната ќерка со маж кој 30 години е постарод неа. Таткото и мајката на Ана биле категорично против оваа врска и секој пат се обиделе да ја убедат својата ќерка да не живее со Немцов.

Сепак Ана не се откажувала од врската. Многу блиска пријателка на Дурицкаја, Јулија, пак раскажува детали околу односите.

“Тие се запознаа пред три години и меѓу нив веднаш пламнаа чувства. Речиси веднаш почнаа да живеат заедно. Според различни околности тие живееја две години меѓу Москва и Киев “, раскажува Јулија.

Во главниот град на Украина двајцата живееле во домот на Ана, а во Русија во станот на Немцов, кој беше во центарот на градот.

Друга пријателка на Дурицкаја раскажува дека двајцата всушност имале искрени чувства еден кон друг и често оделе на одмор во странство. Екскурзијата отсекогаш била платена од Немцов.

Пријателките на Ана се категорични дека таа немала таен љубоморен додворувач.

До односите со рускиот политичар Ана, според зборовите на нејзините другарки, се среќавала само со млади луѓе. Откако двајца заживеа заедно, 55-годишниот Борис Немцов на младата девојка и купувало скапи подароци, облека и накит.

Слични содржини