Фондот за здравствено осигурување два дена по смртта на малата Тамара Димовска, испрати одобрување за лекување во странство. На ковертот што го доби семејството на Тамара јасно се гледа дека на 11 февруари е испратен на домашната адреса на Димовски.
tamara(5)

Одлуката Фондот  ја донел на 6 февруари, три дена пред да почине девојчето. На неа  се потпишани двајцата директори Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази, објави телевизија Телма.

На неколку прес конференции одржани по смртта на малата Тамара преставници на Фондот убедуваа дека одлуката е веќе донесена но само усмено.

Тамара не ја дочека оперцијата за која доби одобрување и која ќе и го спасеше животот. Низ лавиринтите на институциите нејзините родители три години се обидуваа да добијат одобрување за извршување на операцијата во Турција.

Слични содржини