Учениците од повеќе средни училишта од Скопје веќе четири недели ја бојкотираат наставата за да го изразат своето незадоволство од, како што велат, лошите реформи во образованието. Министерството за образование ги прекина преговорите со Средношколскиот пленум, но  средношколците велат дека немаат намера да се откажат.

Средношколскиот пленум ја добија поддршката и од родителите кои исто се организираа во пленум, и  ја потврди одлуката да се остане во импровизираниот камп во паркот на новинарите наспроти зградата на Министерството за образвование.267596BD-48F7-471B-931E-3A856103B7FF_w640_r1_s

Пријатели, посетете ги средношколците и ставете ваш потпис за поддршка на овие паметни и храбри млади луѓе. И секако немојте да си отидете пред да поразговарате со нив ,за да ви објаснат што бараат и зошто, повикаа родителите преку страницата на Родителскиот пленум.

„Средношколците бараат две главни нешта: екстерното тестирање да биде анонимно и оценката да не фигурира никаде во свидетелствата и државната матура да се полага како порано, односно да не се воведува задолжителната математика.

Средношколците не се политичари, па да го жртвуваат едното за да го добијат другото. Тие ги бараат и двете нешта. Не е или-или работата, туку и-и“, се наведува во повикот на Родителски пленум.

Во врска со можноста средношколците кои протестираат да ја загубаат годината родителите велат дека тоа е нелогично, зашто најголем дел од оние кои бојкотираат биле одлични ученици, а наставата во меѓувреме не се одвивала во најголемите скопски гимназии.

Владата минатата недела соопшшти дека е подготвена да попушти само оваа година матура да се полага по стариот концепт, односно во писмена форма, а математика да биде изборен предмет. Средношколците бараат одлагање четири години додека се работи на новиот модел.

 

Слични содржини