Иако законски предвидениот рок од 48 часа за одлучување по жалбите за притвор изминаа, скопскиот Кривичен суд официјално не објави информација дали и каква одлука е донесена во однос на жалбите на СЈО за осуммината осомничени во случајот „Титаник“.

mkd-243500

СЈО ги достави жалбите, откако судиите во претходна постапка,  ги одбија сите барања за одредување мерка притвор на осомничените.
Меѓу осомничените се екс-министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, како и актуелниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

По распитот сите осомничени не сакаа да ја коментираат истрага која за нив ја води СЈО

Груевски: На изборите одлучува народот, од тоа се плаши СДСМ

Единствено мерка за претпазливост им беше изречена на градоначалникот на Пустец- Едмонд Темелко и на поранешниот секретар на општинската изборна комисија во Чаир, Исмет Гури.

Слични содржини