Рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори е до 14 септември

од desk2

Крајниот рок за поднесување листи на кандидати за локалните избори е 14 септември, информира Државната изборна комисија.

Од таму ги известиле сите општини и градот Скопје дека се должни најдоцна до 11 август јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а најдоцна до 25 август се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

Исто така, Државната изборна комисија ги известила општините и градот Скопје дека средствата за спроведување на локалните избори се обезбедуваат од буџетот на општината и градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно изборната комисија на градот Скопје, освен средствата за изборниот материјал кои се обезбедуваат од буџетот на РМ и со нив располага Државната изборна комисија.

Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври.

Слични содржини