„Ролс Ројс“ лани загубил 5,2 милијарди евра

од Vladimir Zorba

Британската компанија „Ролс Ројс“ соопшти дека минатата година имала загуба од 5,2 милијарди евра поради вртоглавиот пад на вредноста на британската фунта по референдумот за излез на земјата од ЕУ.

Компанијата, која меѓу другото произведува и мотори за авиони, соопшти дека поради падот на фунтата од речиси 20 отсто во однос на доларот морала да ја намали вредноста на некои од договорите.

Освен тоа, „Ролс Ројс“ морала да плати 788 милиони евра за порамнување во врска со обвиненијата за давање мито.

„Ролс Ројс“ повеќе не произведува луксузни автомобили, бидејќи тој дел од преземе „Бе-ем-ве“./META

Слични содржини