Ролс-Ројс со најлуксузниот и скап автомобил во историјата – Sweptail

од Vladimir Zorba

Овој викенд буквално врие од вести, а причините се неколку настани, меѓу кои е и Concorso d’Eleganza – престижниот конкурс во Вила Д’есте на брегот на езерото Комо во северна Италија. Таму беше претставен прототипот на идната 8-ма серија на Баварците, но еден автомобил благо ги укради погледите од него – Sweptail.

Причините се визуелни и од прв поглед се заљубувате над тоа чудесно и величествено возило. Идејата е ова возило да ги покаже можностите на англискиот производител, а како Најинтересно е тоа што е прототип и е нарачан за клиент на компанијата, кој за сега е анонимен.

Името Sweptail доаѓа од раните години на минатиот век и тогашните модели на компанијата кои имаат издолжен заден прозорец кој се спојува со задниот дел на автомобилот.

Од компанијата велат дека создавањето и рачната изработка дошле од клиентот чија е идејата, а компанијата го сето тоа го проектирашеè, за да одговара совршено на секојдневниот живот и да му е удобно во секој момент.

Дизајнирањето на возилото траело неколку години, но ефектот на прв поглед е зачудувачки. Лесно се забележува и влијанието од светот на јахти. Sweptail има само две седишта, а задните се претворени во место за багаж. Еден од најпознатите неверојатни детали е панорамски покрив, кој според техничарите на компанијата е едно од најхрабрите и тешки задачи за проектирање во автомобилската индустрија.

Предниот може да потсетува на другите модели, но е строго персонален ие со импресивни контури. Единствено во страничните линии може да видиме трага од Phantom Coupe. Тоа е и платформата, која е користена како база и поради оваа причина моторот на возилото е истиот 6.7-литарски V12 со 459 коњски сили.

Цената за сето ова чудесно изразување ќе влезе во историјата на автомобилската индустрија, бидејќи таа достигнува над 13 милиони долари – рекорд кој првично е тежок за перцепција, но како се загледа во оваа убавина и можеме само да го велиме дека вредно се потрошени.

Слични содржини