Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со го најавува објавувањето на романот „Трошки“ од Миха Мацини. Романот Трошки бил најголемиот бестселер во поранешна Југославија, прогласен за најдобар роман на годината и од владините и од опозициските медиуми. Преводот на македонски е на Драгана Евтимова.

 Troshki

Главниот лик, Егон, е крајно неморален, но харизматичен писател, кој живее во комунистички индустриски град во Словенија пред распадот на Југославија. Немајќи реален однос кон својот книжевен потенцијал, пишува љубовни романчиња под псевдоним. Кога не е во потрага по секс или кога не го пцуе книжевниот естаблишмент, бара начини како да најде што поголеми количини од скапиот афтершејв „картие“ за мажи. Околу себе има собрано збирштина пријатели и познајници, подеднакво слични во своите опсесии и нерализирани амбиции. Поетот има желба да го објават во кожени корици, Ибро ја сака Ајша, девојка од фабриката пред која не зуцнал збор, додека Селим е убеден дека ќе се ожени со познатата актерка Настасја Кински. Како што обидите на Егон да најде што е можно повеќе од парфемот стануваат позабегани, така тој го губи контактот со својот идентитет.

 Трошки не е само цинична, валкано реалистична сатира – модерен европски класик – туку и фасцинантен, крајно уникатен коментар на патологијата на самоопределбата. Според оваа книга е снимен и филмот „Проектот Картие“.

 Миха Мацини (1961) е словенечки писател, сценарист, режисер и публицист. Има објавено 28 книги преведени на 10 јазици. Докторирал антропологија. Има мастер од креативно пишување за филм и телевизија на Шефилд. Член е на Европската филмска академија.

 

Слични содржини