Тие се новите супер-ѕвезди во Романија – “ловците” кои ги испитуваат и вметнуваат зад решетки “облажените” политичари и службеници. Луѓето уживаат дека најпосле правда дејствува против корумпираната политичка класа.

0,,18230210_303,00
Најголемиот комплимент за романското правосудство дојде малку непредвидено и од неочекувано место: “Со години во Романија постои овој страв кој директно не парализира”, изјави при апсењето пред четири месеци Виорел Хребенчук, заменик-претседател на парламентот и висок член на партијата на премиерот Виктор Понта. Претставникот на владејачката Социјалдемократска партија беше обвинет за корупција и незаконска денационализација на шуми, конфискувани своевремено од комунистичкиот режим.

Многумина се сеќаваат како уште пред 20 години Хребенчук тврдеше дека при преминот од комунизам кон капитализам во Романија се е допуштливо “прифатливо ниво на корупција”, пишува весникот “Адеварул”. Поранешниот социјалистички премиер на земјата Адријан Настасе го напиша пред неколку години во својот блог следново: “Поради вакуумот на институционалност во државата корупцијата треба да се зема како средство со кое се подмачкуваат механизмите на економијата во годините на транзицијата.” Половина година подоцна Настасе беше уапсен за корупција и осуден на две години затвор.

Нештата се менуваат. А она што Настасе го нарекуваше “готово”, денес е подложено на тотална ревизија. Така на пример роднина на социјалистичкиот премиер Виктор Понта е под истрага за пренасочување на средства за европски програми. Поранешната министерка за туризам Елена Удреа, пак, е во притвор под обвинение дека преку давње на поткуп обезбедувала финансирање за партијата на поранешниот претседател Трајан Басеску, чиј штитеник беше таа.

0,,18230201_404,00

Кошмарот DNA

Малку по создавањето на романската Национална антикорупциската дирекција (DNA) веќе беа издадени првите пресуди против политичари, во истрагите по обвиненијата за корупција. Следеа и други. Решителни импулс го дадоа реформите спроведени од поранешната министерка за правда Моника Маковеј, а дополнителниот поттик дојде од Механизмот за набљудување, наметнат од Брисел на Романија и Бугарија по нивното влегување во ЕУ во 2007 година. И иако од година во година ЕУ даваше сè подобри рејтинзи на Романија, тоа не беше доволно за да бидат убедени земјите од ЕУ дека Букурешт е подготвен за прием и во Шенген простор.

Дотука, во борбата против корупцијата Дирекцијата се соочува повеќе од 1.100 државни службеници на суд, вклучувајќи и 12 сегашни или поранешни министри. Над илјада од делата завршиле со донесување на ефективна пресуда и само 9% од нив – со ослободителната вели шефицата на антикорупциската единица Лаура Ковеши. Таа продолжува да работи, но персоналот постојано недостига: во 2014 година 85 обвинители работеа на вкупно 9100 случаи – просек на обвинител паѓаат по 105 дела. Има уште многу да се извојува и во однос на обновата на украдени пари: минатата година биле “спасени” едвај 10% од украдените од осудените лица 310 милиони евра. “Сумата би стигнала за годишните плати на сите лекари во Романија”, објаснува Ковеши.

Широка јавна поддршка

Успехот на обвинителите за борба против корупцијата се должи и на зголемената доверба меѓу населението на земјата во романското правосудство. Во 2014 година има раст од 78% на пријавите за извршено кривично дело поднесени во Дирекцијата. Романските медиуми исто така придонесуваат многу со пријавите: речиси секој ден во вестите се прикажуваа државни службеници обвинети за корупција, доведени со лисици на рацете, а весниците се натпреваруваат да ги објават податоците од фолдерите на истражителите. Сосема друго е прашањето колку тоа е легално.

Слаба алка во целиот процес останува парламентот, кој може да го одбие одземањето на имунитетот на обвинетите политичари. Неодамна на тој начин беше спасена на кожата поранешниот министер за економија од Либералната партија и писател Варујан Восганиан, кој во пленарната сала се расплака и го прскаше лицето со света вода непосредно пред решителното гласање за одземање на пратеничкиот имунитет. Повеќе “машки” од него постапи колешката Елена Удреа, која смело замавнуваше пред телевизиските камери со лисиците, а неколку дена подоцна побара со нејзини лични средства да биде реновирана нејзината ќелија во притвор. Тоа го аргументираше со нечовечките услови во затворот, имајќи ги предвид вклучувајќи тоалетите низ кои влегувале стаорци. Одлуката на раководството на затворот се уште се чека.

Слични содржини