Романтични филмови снимени според вистински приказни кои мора да ги гледате

од desk2

Сигурно и на вас ви се случило да гледате убав романтичен филм и да си помислите дека некои љубовни приказни можат да се случат само на филм или во книга. Вистината е дека голем број од романтичните филмови се снимени според вистински приказни. Дознајте кои се тие филмови и доколку не сте ги гледале направете го тоа уште денеска!

The Invisible Woman 

Во овој филм се раскажува за тајната љубов на Чарлс Дикенс. Тој е во брак со лојална и посветена жена која му верува, а во исто време и се сомнева во него. Во меѓувреме неговото внимание го привлекува глумицата Нели и нивната врска станува една од најголемите љубовни приказни во историјата на книжевноста.

A Beautiful Mind

Филм за математичарот Џон Неш, кој живее во свој замислен свет и верува дека работи за тајната служба на владата на САД. Филмот во исто време е љубовна приказна бидејќи неговата сопруга со сите сили се труди да му помогне да се справи со халуцинациите кои прават тој да не може да ги разликува вистинските настани од оние измислените.

The Edge of Love

Приказна за два пара и нивните љубовни животи кои се преплетуваат. Вера Филипс и Дилан Томас повторно се сретнуваат во Лондон за време на Втората светска војна, додека таа работи како пејачка, а тој е оженет и има дете. Нивните чувства се сè уште многу силни, но проблемот е во тоа што тие не можат да ја обноват нивната врска поради бракот на Дилан.

The Vow

Во овој филм се раскажува за еден брачен пар кој доживува сообраќајна незгода, во која жената завршува во кома. Откако ќе се разбуди таа не се сеќава на половина од својот живот и последно нешто на кое се сеќава е врската со нејзиниот бивши дечко додека студира. Нејзниот сопруг се труди повторно да го освои нејзиното срце и да ја потсети на сите моменти кои ги поминале заедно.

Becoming Jane

Приказна за познатата писателка Џејн Остин, која сонува за вистинска љубов, но нејзините родители ја тераат да се омажи за богат маж. Кога младата Џејн ќе го запознае Том Лефрој, нејзиниот свет ќе се промени и таа ќе мора да избере дали да им се спротивстави на своите родители или дали да го сослуша своето срце.

The Theory of Everything

Филм за најпознатиот научник и гениј Стивен Хокинг, приказна за двајца луѓе кои ќе успеат да ги пребродат сите проблеми со помош на силната љубов.

Слични содржини