Рон Денис од Австралија е победник на првата етапа од 102. издание на велосипедската трка Тур Д‘ Франс, која денеска стартуваше во холандскиот град Утрехт.

 трла

Денис денешниот поединечен хронометар во должина од 13.8 километри го мина за 14 минути и 56 секунди, со просечна брзина од 55,4 километри на час, со што постави нов рекорд на трката.  Второто место со пет секунди заостанување го освои Тони Мартин од Германија, а трет заврши Фабиен Канцелара од Швајцарија со шест секунди заостанување. Утре се вози втората етапа од Утрехт до Зеланде во должина од 166 километри./МИА

Слични содржини