Роналдо е прогласен за играч №1 на Европа

од Vladimir Zorba

Суперѕвездата на Португалија и Реал Мадрид Кристијано Роналдо очекувано беше избран за фудбалер број 1 на Европа за сезоната 2015/16.

5034884

Откако го забележа еден од најуспешните сезони во својата кариера, освојувајќи ЛШ со Кралскиот клуб и Европското првенство со Португалија, 31-годишниот Роналдо  ја  зеде и наградата за играч №1 на Стариот континент. Тој  ја заработува оваа награда по втор пат, откако триумфираше и во 2013/14. Роналдо се бори за наградата во конкуренција на својот соиграч во Реал Герет Бејл и ѕвездата на Атлетико Мадрид Антоан Гризман.

Токму францускиот репрезентативец загуби двапати од Роналдо – во финалето на ЛШ и на Евро 2016. “Многу сум среќен од оваа награда. Сепак, треба да се споменат и овие двајцата, бидејќи тие играа прекрасно минатата сезона. Гризман, жалам што загуби  во финалето, но мислам дека ти заслужуваш пофалби за она што го направи во изминатата сезона “, изјави Португалецот.

Слични содржини