Роналдо подготвува чистка во Реал Мадрид

од Vladimir Zorba

Голгетерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо имал листа од имиња на играчи, со кои не сака веќе да е соиграч, пријави „Don Balon“.

Според шпанското издание станува збор со шестмина играчи – Иско, Кејлор Навас, Матео Ковачиќ, Маркос Љоренте, Борха Мајорал и Дани Себаљос.

Во исто време петкратниот и актуелен освојувач на „Златната топка“ немал ништо против ако „кралскиот“ клуб привлече некои од редот Нејмар (ПСЖ), Мохамед Салах (Ливерпул), Паоло Дибала (Јувентус), Давид Алаба (Баерн) и Давид де Хеа (Манчестер Јунајтед).

Овие имиња често се поврзуваат со Реал, кој има и неуспешен обид за привлекување на голманот на Манчестер Јунајтед.

Слични содржини