Роналдо посочи фудбалери за Реал

од Vladimir Zorba

Португалската ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо наведе листа со фудбалери на тренерот Зинедин Зидан и претседателот Флорентино Перез, кои да бидат привлечени во текот на летото.

Кристијано сака во тимот нов голман, централен дефанзивец, напаѓачки играч и напаѓач.

Како квалитетен заменик на Кеилор Навас се наведени две имиња – Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед и Тибо Куртуа од Челзи.

Роналдо сака и нов партнер на Серхио Рамос во центарот на одбраната, а во улогата на плејмејкер е наведен Бернардо Силва од Монако.

Најинтересно е кај напаѓачите, откако на листата има цели 4 имиња – Дембеле, Пјер-Емерик Обамеанг, Пауло Дибала од Јуве и Килијан Мбапе од Монако.

Слични содржини