Роналдо прекина интервју на Буфон за да го прегрне

од Vladimir Zorba

Голот на Кристијано Роналдо, кој беше прецизен од пенал во 97-та минута, стави крај на соништата на легендарниот Џанлуиџи Буфон да го освои трофејот во Лигата на шампионите.

Искусниот голман беше исклучително разочаран од одлуките на англискиот судија Мајкл Оливер, кој покажа на белата точка во 93-тата минута, а потоа избрка Буфон заради неговите жестоки протести.
Потоа, Кристијано го совлада Војчех Шчесни од белата точка и го испрати Реал во полуфиналето.

По дуелот, 40-годишниот голман објаснуваше пред новинари што мисли за драматичната елиминација на „бјанконерите“. Во тој момент големата ѕвезда на Реал минуваше и одлучи да го прекине ова интервју за да го прегрне неговиот ривал.

Џиџи одговори соодветно на гестот на Кристијано, а на тој начин двајцата ја покажаа јасно меѓусебната почит.

Слични содржини