Роналдо: Со Меси не сме пријатели, но се почитуваме

од Vladimir Zorba

 

Еден од двајцата најдобри фудбалери во светот, Кристијано Роналдо изјави дека меѓу него и Лионел Меси има почит еден за друг, но дека тие никогаш нема да бидат пријатели.638-397-kristiano-ronaldo

Во последниве години, се водат дебати кој е подобар фудбалер, Роналдо или Меси, но португалскиот верува дека меѓу нив не постои јаз.

– Меѓу нас постои голема почит. Новинарите сакаат да пишуваат за големото ривалство, но тоа не постои. Ние не сме најдобри пријатели, но постои почит од двете страни, изјави Роналдо.

Португалецот додаде дека е свесен дека постојат луѓе кои не го сакаат, но, исто така, истакнува дека тие се неопходни за него.

– Фудбалот ме научи да ги користам „хејтерите“ како мотивација. Ми требаат непријатели, бидејќи без нив не би го постигнале ништо во кариерата.

Роналдо и Меси заедно ги освоија последните осум „Златни топки“ за најдобри играчи во светот

Слични содржини