Роналдо затаил данок од 15 милиони евра

од Vladimir Zorba

– По Лионел Меси, сега и неговиот „лут ривал“ Кристијано Роналдо се соочува со обвиненија за затајување данок.

Шпанските власти го товарат Роналдо за неплатен данок во висина од 15 милиони евра.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, фудбалерот на Реал Мадрид избегнувал да ги плати даночните обврски, па шпанските власти покренале обвинение против фудбалскиот ас.

Имено, Роналдо во периодот од 2009 до 2014 година пријавил дека од комерцијални права заработил 14,9 милиони или 20 отсто од вкупниот приход. Но, властите во Шпанија стигнале до податоци кои велат дека Португалецот заработил уште 32 милиони, со што е стигнато до сумата од 15 милиони евра со камата, која Роналдо ја затаил од државата.

Иако му се заканува казна затвор од пет години, Португалецот може да ја избегне доколку ја плати сумата која и ја должи на Шпанија.

Слични содржини