Ронан Китинг од Бојзон стана татко по четврти пат

од Vladimir Zorba

Ронан Китинг и неговата сопруга Сторм станаа родители и го пречекаа првородено дете, пренесе “The Daily Mirror”.

Среќната вест ја соопшти самиот татко на страницата на Instagram. Ѕвездата од Boyzone објави слика на жена му со бебе во рацете.

“Сите сме преплавени со љубов кон најновиот мал член на семејството! Се чувствувам благословен да бидам татко и како најсреќниот маж на светот што сум сопруг на толку силна љубов и добродушна жена “, напиша тој под фотографиите.

Во средата Сторм сподели слика со луксузна торба за болничкиот престој, опремена со сите потребни додатоци за неа и за бебето кое беше очигледна претпоставка дека моментот на запознавање во живо со бебето се приближува.

“Рекоа да ги имам приготвени за секој случај”, напиша таа на сликата.

Сторм и Ронан одлучија да го задржат во тајност полот и името на бебето. Тие ја најавија бременоста во декември, година и 4 месеци по свадбата.

Тоа е четвртото дете на изведувачот. Тој има две ќерки – Миси и Али и еден син – Џек, од првиот брак со Ивон Коноли, со која се разведоа во 2015 година.

Слични содржини