Рорабакeр: Не сум бил разбран и се извинувам-не сакам поделба на Македонија!

од Vladimir Zorba

Ако моите зборови биле разбрани погрешно, длабоко се извинувам, рече Рорабакeр.

Американскиот конгресмен Дејна Рорабакeр се извини за скандалозното изјава против Република Македонија во кое ги замеша и Бугарија и регионот.

“На крајот на едно мое интервју неодамна направив неколку неофицијални коментари за Република Македонија. Неодамна разбрав дека дел од нив биле погрешно пренесени. Со оваа изјава сака да ја  појаснувам позицијата.

Македонија е легитимна држава со право на самоопределување и почитување на нејзините граници. Мој коментар беше израз на загриженост од внатрешните предизвици со кои се соочува Македонија во однос на етничките малцинства, но во никој случај не сакав да кажам дека некој друг наместо Македонците треба да решаваат за својот  суверенитет и граници. Ако моите зборови биле разбрани погрешно, длабоко се извинувам “, се вели во соопштението на Рорабејкер и нагласува дека” Македонија е вистински пријател на САД “.

Тој додава дека сака да оддаде почит и да го поздрави позитивниот однос кој САД го има со Македонија.

„Македонија е вистински пријател на САД. Ова е особено видливо во значајната поддршката што македонската армија ја дава во текот на изминатите 20 години на САД, на НАТО, како и на придружните мултилатерални организации за одбрана, на мировните операции и операциите поврзани со бегалците во Авганистан, Ирак, Босна и Косово.

Имав можност да сретнам многу Американци (и Македонци) кои споделија со мене многу корисни историски факти и информации за Македонија и регионот, како и за сегашната динамика на истиот. Со нетрпение очекувам заедничка соработка во иднина и што е најважно, заедно, континуирано, да даваме сѐ од себе за да помогнеме во формирањето на надворешната политика на САД, така што тоа ќе резултира со мирен, просперитетен и слободен Балкан“, изјави конгресменот Рорабакер.

Локално.мк потсетува дека пред десет дена американскиот конгресмен изјави за  албанска телевизија дека “Македонија не е држава и треба да се подели меѓу Косово и Бугарија”. Оваа изјава предизвика остри критики во Република Македонија, а од бугарското МНР изјавија дека категорично  ги поддржуваат евроинтеграцијата на сите земји од Западен Балкан.

Оваа изјава жестоко беше користена од власта  и владините медиуми  во Македонија, кои спинуваа дека не треба да има промени на власта, ете тоа би било  предавство на идната колиција, која ќе произведе делба на Македонија, за која ете јавно зборуваат и потврдуваат и американски конгресмени.

Таквиот одиум предизвика и реакција на американскиот Стејт департмент, кои порачаа дека ја поддржуваат целовитоста на Македонија и нејзиниот суверенитет и дека нема промени на тој курс за САД.

Слични содржини