Еден месец по протестите владата навидум не попушта, но изборите се неизвесни, а речиси сите фактори се против аболицијата. Демонстрантитите велат дека ќе протеститаат сè додека оваа власт не си отиде, посочува во својот текст РСЕ.

934F1324-C055-4B5D-8F54-C7A3F07EC85E_cx0_cy2_cw0_w987_r1_s_r1

Граѓаните организирани од движењето „Протестирам“, излегоа на улица по одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да аболира политичари кои се осомничени меѓудругото за корупција, криминал и изборни измами. Демонстрантитите велат дека не чувствуваат страв, туку чест да бидат дел од Шарената револуција. Велат дека ќе протеститаат сè додека оваа власт не си отиде, но и да упатат порака дека ќе бидат тука и за секоја идна власт која ќе се дрзне да не го почитува народот.

„Никакви права немаме, криминалците слободно се шетаат, нас ни е преку глава веќе да трпиме неправди.“

„Се чуствувам прекрасно, има многу позитивна енергија, има млади луѓе, но и од сите возрасти.“

„Додека не падне оваа власт, нема да се мрднеме од тука. Не се плашиме.“

„Крајно време е застрашувањата да престанат. Тие што седат во власта зависат од нас, не се вечни“, велат демонстрантите.

Демонстрантите својот револт првин го истурија врз Народната канцеларија на Иванов во центарот на Скопје, потоа на ред дојде Министерството за правда, па Триумфалната порта и дел од спомениците и институции од контроверзниот проект Скопје 2014. Со балони со бои тие оставија свој печат на нив, а следуваа и герила акции, па водата во фонтаните на Воинот на коњ и Филип втори беа обоени во црвено, белите мермерни плочки на плоштадот Македонија исто така беа обоени во црвена како црв боја во спомен на младиот Мартин Нешкоски чие убиство власта се обиде да го скрие. Беше обоена и оградата на мостот Слобода која народот го чинеше околу 1,5 милиони евра.

Најинвентивни се чини во герила акциите се битолчани, кои им ја честитаа аболицијата на градоначалникот Влaдимир Талески и на поранешната прва полицајка Гордана Јанкулоска. Потоа со лажни пари „владимирки“ го пречекаа Талески на прес-конференција.

Целиот осврт можете да го прочитате тука

Слични содржини