РСЕ:Извештај на ЕК предупредува за криминал и корупција на Балканот

од Vladimir Zorba

   Европската комисија во следната недела ќе објави Пакет за проширување во кој се проценува состојбата во државите кои настојуваат дса се придружат на 28-члениот блок. Радио Слободна Европа имале увид во документот што ќе биде објавен на 17 април во Стразбур.

Невралгични точки во сите држави од Западен Балкан остануваат оние што се поврзани за владеењето на правото. Организираниот криминал и корупцијата остануваат синоним за секоја држава во регионот.

ЕК повторно во повеќе наврати го користи изразот „заробени држави“.

Јавната управа во државите до регионот останува слаба, и малку или воопшто нема прогрес на полето на слобода на изразување.

Како што пренесува РСЕ, повторно се нагласува дека билатералните спорови и понатаму се главни пречки во процесот на евроинтеграција, и во претходниот период не е постигнат ниту еден резултат во решавање отворени прашања меѓу соседите.

Овогодишен „шампион“ ќе биде Албанија која ќе добие препорака за отворање пристапни преговори.

Иста препорака ќе биде повторена за Македонија.

За Црна Гора се оценува дека многу има на хартија, но ништо во пракса.

Патот на Србија кон ЕУ продолжува да зависи од пристапот кон нормализација на односите со Косово.

БиХ и Косово имаат во изминатата година успорување во рефорските процеси.

Во врска со Македонија, во нацрт извештајот се нагласува дека за понатамошен напредок на државата одлучувачки фактори се задржување и продлабочување на моментумот во процесот на итни реформски приоритети. ЕК изразува подготвеност да го поддржи тој процес со примена на засилен пристап за преговарачките подрачја за судството, основните права и слободи и слободата и безбедноста на државата.

Осврнувајќи се на мерките преземени на полето на миграцијата, во документот се заклучува дека бриселската помош за регионот уште во 2017 година резултирала со намален обем на миграциски бранови до 91 отсто.

Се препознава улогата на Србија и на Македонија кои во документот се оквалификувани како „доверливи партнери“ на тоа поле. Но, ЕК смета дека постои простор за загриженост кога во прашање е трговијата со луѓе и мигранти.

Слични содржини