РСЕ: Парите поскапуваат за Македонија

од Vladimir Zorba

CDB7C606-B365-4624-A502-961FFC128040_cx0_cy3_cw0_w987_r1_s_r1

Со намалувањето на кредитниот рејтинг на Македонија од агенцијата Фич, секое ново позајмување на странските пазари ќе биде со поголеми камати од досегашните, информира РСЕ.
По последното вреднување на рејтингот на Македонија од агенцијата Фич, извесно е дека во наредниот период уште повеќе ќе поскапи позајмувањето пари од меѓународните пазари, велат економистите и додаваат дека ова ќе има последици врз економијата и врз граѓаните.

Поранешниот гувернер на Народната банка Петар Гошев потсетува дека поскапувањето на кредитите за Македонија започнало уште минатата година и оценува оти тоа е резултат на постојаното зголемување на јавниот долг и политичката криза. Исто така и економскиот раст во првиот дел од годинава падна за половина од проектираното, укажува Гошев и додава дека тоа е дополнителен ризик кој го проценуваат агенциите, а оти тоа значи натамошно зголемување на трошоците на Македонија за позајмување од надвор.

„И штом се поскапи кредитите, трошоците за економијата се поголеми и тие негативно ќе се одразат во сукцесивен период што ќе следи, врз економскиот раст и врз стандардот на граѓаните, сето тоа поврзано во еден комплетен економски циклус. Македонија ќе треба да плати многу повеќе за да добие исти износи на позајмени средства. Истовремено тоа е сигнал за недобри состојби и тоа ќе влијае и врз потенцијалните инвеститори“, вели тој.

Гошев посочува дека постои реална опасност во наредниот период во Македнија да има уште побавна стапка на економски раст и побавно подобрување на животниот стандард и негово стагнирање или намалување ако ваквиот тренд продолжи.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини