РСЕ: Влада нема, политичарите „си намигнуваат“

од desk2

ДУИ се уште не се изјаснува за материјалите кои ги добија од СДСМ. Во меѓувреме, преку неколку изјави повторно се отвори можноста ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да влезат во преговори, информира РСЕ.


ДУИ се уште не се изјаснува за доставените писмени материјали од СДСМ. Некои аналитичари во тоа гледаат реална потреба од процена, други пак тактизирање на партијата на Али Ахмети.

Според Беким Кадриу, професор на Правниот факултет на Тетовскиот универзитет, ова сега се преговори за состав на влада, иако СДСМ тврди дека само собираат потписи и поради тоа е потребно повеќе време.

„Мислам дека основно е прашањето за јазикот. Тоа мора да се уреди со закон. Најверојатно има одреден нацрт закон предложен од СДСМ и тој мора да се разгледа. Мислам дека за тоа треба време, за да се анализира уште некој ден и ДУИ да достави свој нацрт“, вели Кадриу.

Можноста ДУИ повторно да преговора со ВМРО-ДПМНЕ се отвори деновиве. Прво претседателот на партијата Али Ахмети минатата недела по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан рече дека константно разговарал со лидерите и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Истиот ден претседателот на ДПА Мендух Тачи тврдеше дека Груевски и Ахмети имале договор за влада и дека би било коректно да кажат каков е тој договор. Вчера, пак, за телевизијата 21, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека по истекот на рокот за формирање влада немале официјални преговори со ДУИ. Сепак, додаде дека се отворени за соработка, но оти нема да биле тие кои што ќе се наметнуваат на кого било.

„Ние сме отворена политичка партија, сме имале добра традиционална соработка со ДУИ како политичка опција доколку има интерес од нивна страна не би одбегнувале такви теми“, вели Милошоски.

Целиот текст може да го прочитате тука

Слични содржини