РСЕ: Власта се плаши од СЈО и затоа го напаѓа

од desk3

Власта смета дека Специјалното јавно обвинителство е пристрасно и дека се координира со барањата на СДСМ. Медиумскиот линч и законските сопки за ова обвинителство, најверојатно произлегуваат од стравот на власта од обвиненијата против нив-пишува РСЕ.

4adde435-8c03-4315-b678-b0075393b074_w987_r1_s-1

Медиумскиот прогон, политичките вербални напади, како и институционалните сопки во изминативе денови се показатели дека расте стравот на власта од можните обвинителните акти, кои Специјалното јавно обвинителство ќе ги поведе во наредниве шест месеци, а произлегуваат од прислушуваните разговори, велат аналитичарите.

Високи функционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, министри, нивни поранешни колеги, градоначалници и советници се најдоа осомничени за кривични дела поврзани со злоупотреба на власт и државни пари.

Професор Осман Кадриу неодамна изјави дека целата постапка на расветлување на криминалот ќе оди тешко поради политичкото влијание врз правосудниот систем, постојаните обиди за опструкции и оспорување на легитимитетот на ова Обвинителство, а токму тоа укажува на страв кај власта.

„А во нашата држава за жал, корупцијата царува и организираниот криминал царува, а да не речам доаѓа од самите органи во власта“, вели тој.

Незаконско прислушување на 20 илјади граѓани, изборни манипулации, нелегално инјектирање пари во медиуми, злоупотреби на државни пари во незаконски доделени тендери, затајување на данок, перење пари, мито и корупција. Ова се само дел од наводните гревовите на власта за кои ова Обвинителство има отворено постапка. До сега СЈО покрена два обвиненија, првото се однесува на незаконско уништување на документација од системите на прислушување, а второто за нарачаното насилство врз градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.

5727f9a8-f6e9-4b7c-8474-58310705f0ee_cx2_cy0_cw97_w610_r1_s_r1

„Како е возможно да има постапка против Талевски, а да нема против Заев. Дали дозволивте јавноста да мисли дека сте пристрасни, бидејќи Струмица потрошила три пати повеќе средства од Битола“, ја праша Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на комисиската седница каде што се разгледува нејзиниот годишен извештај.

 

За власта работата на Специјалното јавно обвинителство е пристрасна и честопати координирана со барањата и потребите на опозицијата, односно на СДСМ.

Слични содржини