Румен Радев е петтиот бугарски претседател

од Vladimir Zorba

Румен Радев победи со преминување на предност Цецка Цачева, тој победи со 58%.radev

 

Бугарија го избра Румен Радев за петтиот претседател. Тој ги  освои гласовите на Бугарите со значителна предност пред кандидатот на владејачката партија ГЕРБ – Цецка Цачева, пренесе Бгнес. Радев е избран со гласовите на 58,1%, а за Цачева – 35%. Румен Радев е шеф на државата и врховен командант на вооружените сили на Бугарија.

Тој неодамна беше командант на воздухопловните сили. Завршил бугарско Високо воздухопловната училиште како првенец на генерацијата, но има и одличен успех од воздухопловна колеџ “Максвел” во САД како мајстор “Стратешки студии”. Генералот е признат воздушен ас, поздравен од страна на десетици илјади поради своите вештини како пилот на МиГ 29 на воздушен шоу на ВВС во Софија. Како командант Радев покажа дека  ја издржа позиција и на два пати изјави подготвеност да си замине од армијата поради разединувања и недостаток на разбирање  со министерот за одбрана Николај Ненчев. Првиот пат поднесе оставка поради “исклучително загрижувачката состојба на авијацијата, недостатокот на јасна, стабилна програма за нејзиниот развој и предложените измени во Законот за Вооружените сили кои се однесуваат на заедничката заштита на воздушниот простор” и претежно дека не може да влијае на процесите.

По состанокот со премиерот Бојко Борисов, командантот на воената авијација ја повлече својата оставка. Во почетокот на август тој поднесе рапорт за пензионирање поради концепт за заеднички “ерполисинг” на воздушниот простор на Бугарија  Самиот Радев беше категоричен дека една од главните причини да си замине од воената позиција е, бидејќи не може да остане подложен на министер за одбрана, со окј не се согаува за неговата  стручност .

5160691

Новиот претседател и потпретседател на Бугарија.

Во предизборната битка Радев исто  се обложуваат и на пораки поврзани со националната безбедност, но и за промена, како и за балансирана и независна надворешна политика. Според него Бугарија треба да се ослободи од својот сателитски синдром. На прашањето дали ќе игра на два фронта – американски или руски, тој одговараше вака:

“До неодамна летав на руски авион, дипломиран сум во Америка, но сум бугарски генерал. Мојата кауза е Бугарија “.

Новиот претседател Румен Радев ќе ја презеде функцијата во јануари. “Претседателот треба да ги  формулира целите кои  ги здружуваат. Бугарската национална цел е во нашата земја секој бугарски граѓанин да може да го оствари својот талент, да има право на работа, да има мирен живот со стандард и квалитети во земја со јасен иден развој “, категоричен е Румен Радев.

Слични содржини