Руни останува на клупата на втор натпревар на Јунајтед

од desk3

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ќе остане на клупата на својот тим веќе втор натпревар. Менаџерот на тимот Жозе Мурињо го остави англискиот репрезентативец резерва во минатиот круг, кога “црвените ѓаволи” се сретнаа против шампионот Лестер.

638-397-uejn-ruuni

Португалскиот стручњак денеска изјави дека се уште не одлучил дали ќе го врати Руни во составот за домаќинскиот натпревар со украинскиот Зорја Луганска во Лига Европа во четвртокот.

Руни е остро критикуван за слабата форма во која се наоѓа во последно време.

“Вејн Руни е во групата за натпреварот. Сеуште не сум одлучил дали ќе почнам со него или не. Тој не тренираше вчера. На последниот тренинг имаше блага повреда во понеделникот. Руни има проблем со грбот, па денес беше прв пат во кој тренираше заедно со останатите играчи “, коментираше Мурињо.

Слични содржини