Русија бара одговори од 30 амбасадори за протераните дипломати

од Vladimir Zorba

Руското министерство за надворешни работи соопшти денеска дека повикале 30 амбасадори од земјите кои протераа руски дипломати поради труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Британија со цел да им дадат известување за одговорот на Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека земјата била принудена да се одмазди по протерувањето на повеќе од 150 руски дипломати. Британија ја обвинува Русија дека е одговорна за нападот на Скрипал и неговата ќерка Јулија со нервен гас што предизвика дипломатски спор меѓу Москва и западните земји.

Слични содржини