Русија би можела да воведе забрана за емитување реклами во недела

од desk2

Во руската Дума е доставен Предлог-закон со кој се предвидува забрана за емитување реклами на телевизиите и радијата во недела од шест часот наутро до полноќ.

Во образложението на предлогот се наведува дека неделата е ден кога луѓето треба да се одмараат, да имаат можност да гледаат филмови и емисии и никој да не ги прекинува со агресивни реклами.

– Сите тие реклами луѓето ги потсетуваат на проблеми, болести со кои човештвото се соочува и едноставно ги иритираат, изјави пратеникот Игор Лебедов, кој е еден од авторите на законскиот текст,

Како што јави Спутњик, дополнително еден од аргументите за укинување на рекламите во недела е и тоа што децата тој ден повеќе гледаат телевизија, отколку во работните денови.

Во викендите децата вклучуваат телевизори и радија веднаш штом ќе се разбудат. Како што веќе е познато, свеста кај децата се формира додека се мали, токму затоа најмладите најмногу се изложени на влијанието на рекламите кои не се секогаш позитивни, се додава во образложението.

Авторите на законот исто така се повикуваат и на истражување кое неодамна е спроведено во Русија, кое покажа дека повеќе од 80 отсто од граѓаните на Руската Федерација смета дека рекламите на телевизија им одземаат премногу време.

Слични содржини