Полициската акција „Пуч“ во Македонија, предизвика реакција и на Министерството за надворешни работи на Русија.

Во соопштението се вели дека руското министерство за надворешни работи се надева дека во случајот „Пуч“ ќе биде спроведена темелна истрага во инетерес на стабилноста и сигурноста на Македонија.

Се повикуваат сите политички сили да делуваат согласно уставот, проблемите да ги решаваат со дијалог, а руското министерство потенцира дека влошувањето на состојбата во Македонија според Русија може да предзвика опасна ескалација на меѓуетничките судири во земјата.

Претходно со реакција се огласи и европската служба за надворешни работи која посочи дека се работи за сериозни обвиненија, и побара независна и транспарентна истрага, како и почитување на презумпцијата на невиност и правата на обвинетите.

Слични содржини