Русија дополнително префрли во Сирија 12 авиони бомбардери Су-25

од Vladimir Zorba

Сириски и арапски медиуми објавуваат информации за трансфер во авиобаза Хмејмим на 12 руски воени бомбардери Су-25. Според нив авионите полета од аеродромот во Моздок во Северна Осетија вчера (10 јануари) во подоцнежните часови попладне, прецизира rusvesna.su.
Заедно со нив летале како лидери два транспортни авиона Ил-76МД. За време на летот е извршено полнење со гориво од Ил-78.

На YouTube веќе се ставени кадри од четворка од Су-25 предводена од еден Ил-76.

Руското МО засега се уште не го потврди прелетот. Речиси сигурно е дека така се зајакнува руската група во Сирија, откако носачот на авиони “Адмирал Кузнецов” го напушти регионот.

За сметка на тоа од Сирија пристигнуваат пораки дека авиони од руските ВКС нанесуваат удари по позиции на ИДкрај градот Ал-Баб. Таму во последно време делува турската борбена авијација.

Неколку удаи од сириски и руски авиони им нанеле на силите на ИД во реонот на селото Дејр Хафир каде е концентрирана голема група од терористи.

Слични содржини