мигранти
Русија е подготвена да прифати бегалци од Сирија и Либија, ако тие не ги прекршуваат нејзините закони, но граѓаните на овие земји во пракса не пројавуваат интерес за Русија, изјави шефот на руската Федерална миграциска служба Константин Ромодановски, цитиран од ТАСС.

Според него, од почетокот на годината во Европа преку Русија се префрлиле 182 Сиријци.

-Ние ги разгледуваме документите на оние кои ни се обраќаат со молба. Но сметам дека тука треба да се има предвид дека историски и од гледна точка на големата дијаспора и на интеграционалниот потенцијал, за Сиријците кои ја напуштаат земјата поприфатливи се земјите од Европа, а не Руската федерација, рече Ромодановски. /МИА

Слични содржини